Вести Македонија Топ вести

На Неврохирургија во Скопје за првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија

На Клиниката за неврохирургија во текот на минатата недела за првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic brain biopsy). Работниот тим што ја изведе интервенцијата се состои од д-р Роберт Шумковски, д-р Ивица Коцевски, д-р Љуљзим Агаи (неврохирурзи) и д-р Радмила Панговска (анестезиолог).

„Испишуваме ново поглавје во неврохирургијата. Големо е задоволството кога имаме развој во јавните здравствени установи преку воведување нови методи. Станува збор за минимално инвазивна постапка која се изведува со помош на рамка што се поставува врз главата на пациентот. Потоа, со помош на посебни тридимензионални пресметувања се планира точната локација на интервенцијата во внатрешноста на главата и се зема материјал за анализа“, вели министерот за здравство Азир Алиу.

Како што информира Министерството за здравство, за да се дојде до овој резултат претходеле подготовки со тим на експерти од Бразил, предводени од проф. Маноел Јакобсен Тешеира од Универзитетот Сао Паоло, како и инженерот Антонио Мартос Калво.

„Посебна благодарност до тимот од неврохируршките сали и од одделот за континуираната подршка во тек на работниот процес, како и до Клиниката за радиологија за безрезервната и трпеливата подршка во процесот на организација на работниот процес. Оваа постапка нуди во иднина исклучителни можности за развој на функционалната неврохирургија и лекувањето на разните невро-дегенеративни заболувања, поради кои нашите пациенти согласно досегашната пракса се упатува на лекување во странство“, појаснува директорот на Клиниката за неврохирургија, кој е дел од тимот, д-р Љуљзим Агаи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест на вработените во ГТЦ кои земаат минимална плата

Дејан Дејан

Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија

Sasko Dimovski

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе