Вести Македонија

Протест на вработените во ГТЦ кои примаат минимална плата

Членови на Синдикатот и вработени во Градски Трговски Центар АД Скопје протестираа пред управната зграда.

Тие се  незадоволни зашто не добиле усогласување на платите согласно на минималната плата.

„Протестот беше организиран поради игнорантскиот однос на работодавачот, кој и покрај зголемување на минималната плата на национално ниво, платите на вработените останале непроменети“, велат вработените.

Според нив ова директно  влијае врз нивниот животен стандард и економска сигурност.

Барањето за усогласување на платите го потпишаа  повеќе од 110 вработени.

Вработените бараат усогласување на нивните плати за минимални 1.600 денари, а раководството одбива да го прифати барањето и покрај тоа што најголем дел од вработените се на минимална или блиску до минималната плата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија

Sasko Dimovski

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе