Остануваат уште четири дена до изборниот молк за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври. Политичките партии и коалиции интензивно ја продолжуваат својата теренска активност низ државата, со митинзи, средби со граѓани и прес-конференции во повеќе општини. Она што станува сè поочигледно е заострувањето на реториката меѓу главните политички актери кои разменуваат обвинувања за криминал, нефункционални институции и злоупотреби на власта… Лидерите во своите обраќања сè повеќе упатуваат директни критики кон политичките противници… Аналитичарите очекуваат дека последните денови од кампањата ќе бидат уште поинтензивни, со засилени пораки кон гласачите и зголемени политички тензии. Влогот е висок, а тоновите сè пожестоки – што најавува бурна завршница пред изборниот молк.
Уште четири дена до крајот на изборната кампања
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
