Вести Култура

Потребни се силни партнерства со европските организации за унапредување на македонското културно наследство

Потребни се силни и одржливи партнерства со европските организации за унапредување на македонското културно наследство. Ова го кажа раководителката на канцеларијата за програмата „Креативна Европа“ за Македонија, на денешниот настан , на кој што присуствуваа претставници од институциите од културата, од невладиниот сектор и странски експерти.

Според Билјана Прентоска, партнерствата ќе овозможат изготвување на поуспешни проекти, особено откако од лани конкуренцијата на апликантите на европско ниво се зголемила. А, министерот за култура и туризам ги повика заинтересираните да ја посетат новата веб страница на „Креативна Европа“ за Македонија, на која ќе се информираат за програмите и за настаните што следуваат.

„Градењето на јаки партнерства со европските организации и институции, значи едни одржливи партнерства и затоа сакаме да им посочиме , односно да ги упатиме што повеќе да членуваат во европските мрежи и да се вмрежуваат со нивните колеги од земјите членки на „ Креативна Европа“ или во европските програми. Така навистина тие ќе можат да бидат во тек со актуелните политики на ЕУ во конкретните ресори, во случајот – културното наследство. Тоа ќе им помогне да ги конципираат нивните проекти“, изјави Билјана Прентоска, раководителка на канцеларијата на „Креативна Европа“ за Македонија.

„Македонското културно наследство не треба да остане затворено и не треба да остане во минатото. Туку треба постојано да го унапредуваме, да го промовираме, да го ставиме во рамките на развој на туризмот. Да биде поодржливо и повидливо. И сакам да упатам порака до сите чинители во културата, до сите национални установи, да ја користат нашата нова платформа , која што ја имаме преку Одделението за „ Креативна Европа““, рече Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со посредство на САД можна средба Зеленски-Путин?

Kristina Kuzmanovski

Трамп: Би ми било „чест“ да се сретнам со врховниот лидер на Иран за да се постигне договор

Kristina Kuzmanovski

Македонија за прв пат избрана за членка во ЕКОСОК

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе