Воодушевување и во Рамала, пред седиштето на Палестинската самоуправа на окупираниот Западен брег, каде пристигнаа автобусите со ослободените Палестинци од израелските затвори.
Дел од нив со рацете покажуваа знаци на победа, но мнозинството излегуваа од автобусите со насмевки на лицата. Некои, пак, изгледаа изгладнето и со видливи повреди.
„Не можам да го опишам чувството“, рече Махди Рамадан за АФП, ослободен затвореник додека беше опкружен со своите родители.
За многумина е излегување на слобода по повеќе години, па дури и децении зад решетки. Меѓу ослободените Палестинци се и 250 кои се притворени од „безбедносни причини“, како и 1.700 Палестинци кои беа уапсени во Појасот Газа од октомври во 2023 година.
NOW: Buses carrying Palestinian prisoners arrive in Ramallah, West Bank. pic.twitter.com/sDmXS3kVJI
— Clash Report (@clashreport) October 13, 2025
Израел се согласи да ги ослободи во замена за ослободување на заложниците во Појасот Газа. што беше прва фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за крај на војната. Хамас претходно ги ослободи сите 20 преостанати живи израелски заложници кои според извештаите на израелските медиуми се наоѓаат во „добра состојба“.
