Вести Македонија Топ вести

Преписки помеѓу Адвокатската комора и државниот јавен обвинител Коцевски, за случајот со пожарот во Кочани

Адвокатската комора му одговори на државниот обвинител Љупчо Коцевски откако и официјално го доби дописот од него. Тврди дека со јавните настапи на адвокатите кои се дел од одбраната во обвинението за несреќата во кочанската дискотека „Пулс“, никому не му е нарушен угледот, а најмалку на судот. Комората уште реагира дека никој од адвокатите нема за цел да ја одолговлекува постапката и дека Коцевски директно се меша во нивната работа.

„Адвокатите со ништо не го нарушиле угледот на Судот. Согласно Уставот, законите, одлуките на Европскиот суд за човекови права, како и Конвецијата на Советот на Европа за заштита на професијата адвокат, истите имаат право и должност на слобода на изразување, односно да изнесуваат правни мислења, критички осврти или коментари поврзани со постапки од јавен интерес. Исто така, согласно горецитираните домашни и меѓународни акти, адвокатите имаат право да ја информираат јавноста за прашања поврзани со случаите на нивните клиенти“, соопштија од Адвокатска комора на РСМ.

Претходно, преку допис Коцевски оцени дека местото за соочување на доказите е судницата, потсети дека адвокатите се должни да го чуваат угледот и побара истите тие да не го злоупотребуваат предметот за пожарот во „Пулс“. Инаку адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која беше директно спомената во писмото на Коцевски, реагираше преку социјалните мрежи, оценувајќи дека тоа претставува директен притисок врз слободата на говорот и професионалната независност на адвокатите.

„Согласно принципите на тајноста на истражната постапка, адвокатите во ниту еден момент не можеа, а и не преземаа било какви дејствија за спречување, односно одолговлекување на овој дел од кривичната постапка. Јавното обвинителство не е суд, туку странка во постапката, па оттаму наводите во дописот ги сметаме за директно мешање во работата на адвокатите, повредувајќи ја независноста на адвокатската дејност“, додаваат од Адвокатскатс комора на РСМ.

За пожарот кој се случи на 16 март годинава, обвинети се 34 луѓе и три фирми. Се гонат за тешки дела против општата сигурност. Пред десет дена, Кривичен го одобри обвинението. Во пожарот во дискотеката, загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.

Петар Догов

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

(видео)„Kако ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите“, прашаа родителите на денешниот 46. „Марш на ангелите“ во Кочани

Дејан Дејан

Израелскиот министер Кац со порака доТехеран: Доколку Иран се обиде да го нападне Израел ние ќе возвратиме со голема сила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе