Вести Свет

Хамас ги објави имињата на заложниците кои денеска треба да бидат ослободени

Денеска треба да  почене предавањето на 48 израелски заложници, од кои 20 се верува дека се живи. Хамас, кој ги држи заложниците од нападите на 7 октомври 2023 година, објави список со имињата на оние што ќе бидат ослободени. Во замена, Израел ќе ослободи 250 палестински затвореници и повеќе од 1.700 задржани лица. Толпи граѓани се собираат на Плоштадот на заложниците во Тел Авив, чекајќи вести за ослободувањето. Очекувано е и пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Израел, каде ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху и ќе се обрати пред парламентот. Потоа ќе отпатува за Египет каде ќе биде домаќин на самит со околу 20 светски лидери, меѓу кои и британскиот премиер Кир Стармер. На патот кон регионот, Трамп изјави дека „војната во Газа е завршена“, иако преговорите за следните фази од договорот меѓу Израел и Хамас допрва следуваат.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе