Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 23-та седница, меѓудругото расправаше и постапуваше по повеќе предмети во врска со изборниот процес за претстојните локални избори.
Имено директор на основно училиште кој според пријавата преку мобилна апликација вршел притисок врз вработени со цел нивно присуство на партиски настани. Тој дополнително се заканувал и до вработените кои се со договор на дело, дека договорите нема да бидат продолжени долколку не присуствуваат на партиските собири.
ДКСК веќе ја доставило пријавата до надлежната комисија за следење на нерегуларностите во текот на изборите до Јавното обвинителство на РСМ.
Т.Д.
