Почнати се пресметките за новиот буџет за идната година. На почетокот на идниот месец треба да се презентира од страна на Министерството за финансии. Веќе се пресметува каде ќе се крати, каде ќе има плус пари.
Но, и дали капиталните проекти ќе бидат повторно високо проектирани како што најчесто се прави или пак може би не, затоа што до сега од предвидените вакви проекти не се реализирани ниту половина. Ова го покажуваат бројките на Министерството за финансии.
Она што се знае е дека пред нас е и ново задолжување од речиси една милијарда евра. Најголем дел од парите ќе одат за враќање на стара еврообврзница, околу 700 милиони, останатите за тековни потреби на државната каса.
Последните проекции пак на Светска банка се дека домашната економијата ќе стагнира. Три години ќе има раст од само 3 отсто, а јавниот долг и дефицитот дека ќе бидат над препорачаните граници. А забележуваа и дека тешко оди намалувањето на инфлацијата, која според владата се очекува до крајот на годинава да биде 2, 8 отсто.
Исто така сметаат дека првично била поттикната од трошоците за енергија, но потоа и од растот на цените кои не може да се контролираат.
