Вести Најважни Свет

Авганистан објави дека во ноќните гранични операции убилe 58 пакистански војници

Авганистан соопшти дека убилe 58 пакистански војници во ноќните гранични операции, како одговор на она што го нарекуваат нарушување на нејзината територија и воздушен простор.

Авганистанските власти го обвинија Пакистан за бомбардирање на главниот град Кабул, јави АП.

Пакистан не ја презеде одговорноста за нападот.

Главниот портпарол на талибанската влада, Забиула Муџахид, изјави дека авганистанските сили зазеле над 20 пунктови на пакистанската армија, дека 58 војници се убиени, а 30 други се ранети.

Од Пакистан нема непосредна потврда за жртвите.

Пакистан претходно нападна локации во Авганистан, таргетирајќи ги, како што велат, скривалиштата на милитантите во оддалечени планински области.

Двете страни, исто така, имаа престрелка долж границата.

Но, жестоките судири во саботата навечер ги нагласуваат продлабочените безбедносни тензии.

Министерството за одбрана на талибанската влада рано утрово соопшти дека неговите сили спровеле „одмазднички и успешни операции“ по границата.

Граничниот премин Торкам, еден од двата главни трговски патишта меѓу двете земји, не е отворен денеска.

Преминот кај Чаман исто така беше затворен.

Пакистан ги обвинува авганистанските власти дека им даваат засолниште на членови на забранетата група Техрик-и-Талибан Пакистан.

Исламабад вели дека групата извршува смртоносни напади во Пакистан, но Кабул го негира обвинението, велејќи дека не дозволува неговата територија да се користи против други земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе