Марија Корина Мачадо, лидерката на опозицијата во Венецуела е добитничка на овогодинешната Нобелова награда за мир, соопшти норвешката нобелова комисија. Комисијата смета дека претседателската кандидатка на минатогодишните избори во Венецуела успеала да ја обедини фрагментираната опозиција и да му пружи политички отпор на репресивниот режим на Николас Мадуро.
„Во долгата историја на Нобеловата награда за мир мислам дека комисијата била соочена со сите видови на кампањи и медиумско внимание. ГОдишно добиваме илјадници писма од луѓе што тие сметаат дека треба за постигнување мир. Оваа комисија заседава во соба со портретите на сите лауреати, а таа соба е исполнета со храброст и интегритет. Затоа, нашата одлука ја засноваме на работата и волјата на Алфред Нобел“, изјави Јорген Ватне Фриднес,претседател на норвешката нобелова комисија.
Мачадо е само 20-та жена која го добива ова признание од досегашните 112 наградени. Објавувањето на добитникот на ова престижно признание следуваше по интензивните шпекулации дека главниот кандидат за него е американскиот претседател Доналд Трамп, кој и самиот не ја криеше желбата да биде одликуван како најголемиот миротворец, особено по соопштувањето за постигнување договор за примирје во Газа.
T.Д.
