Вести Македонија Најважни

Што сè има добиено Марковски компани од РЕК Битола?

Tenderi Markovski kompani od ESM, REK Bitola

Марковски компани е најголемиот тендерџија на РЕК Битола во изминатите години. Иако најголемите тендери ги добива во последните четири години, соработката на оваа битолска компанија со РЕК почнува во 2012 година, кога го заработува првиот милион.

Проверката на Електронскиот систем за јавни набавки покажува дека Марковски компани го добила првиот голем тендер од РЕК за санација на свлечишта во рудникот Суводол од над 60 милиони денари, односно скоро милион евра, во четири очи, односно во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас. Оттогаш, оваа битолска фирма е редовна на тендерите во РЕК Битола. Услуги од работна рака, ремонти, ископ на јаглен и јаловина, ангажирање помошна механизација. Секоја година добива по неколку милиони евра од РЕК.

Податоците од јавните набавки, покажуваат дека веќе во наредната 2013, Марковски компани искеширал од ЕСМ уште 12,4 милиони евра, најчесто во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас, односно во четири очи.

Во 2014 веќе склучил договори од 24 милиони евра со ЕСМ. Најголемиот тендер за помошна механизација од 886 милиони денари, односно 14,5 милиони евра, бил добиен со преговарање, а без јавен оглас, а потпишан кон крајот на 2013.

Во 2015 добиле 5,5 милиони евра, во 2016 – 17,5 милиони евра, во 2017 – над 10 милиони, 2018 – 8 милиони, па во наредните 2 години по над 10 милиони, за веќе во 2021 година да почнат големите тендери. Таа година се добиени тендери од 43 милиони евра, па 29 милиони, 52 милиони, за минатата година да заврши со потпишани договори од рекордни 73 милиони евра, кои сепак беа скратени на 23 милиони евра. Новото раководство на ЕСМ поништи два договори, меѓу кои и историски најголемиот за ископ на јаглен и јаловина вреден 2,8 милијарди денари, односно 46 милиони евра, па 2024 заврши со 23 милиони евра тендери.

Раководството на ЕСМ кон крајот на минатата година го раскина овој договор со образложение дека „Марковски компани“ не ископувал доволно јаглен и не ги почитувал обврските од договорот.

Во овој рекорден тендер, Марковски компани имаше и три подизведувачи од кои две струмички фирми – Сим инженеринг и Јавор транс, во сопственост на Симеон и Горан Крстеви, татко и син кои се поврзуваа со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе