На граничен премин Богородица спречено е криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и со вкупна вредност од 567 илјади денари. Од страна на Одделението за истраги, против едно лице до Основното јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.
Според информациите од Царинската управа, осомничената, македонска државјанка, патувала со автобус на релација Истанбул – Тетово. Златните монети ги сокрила во жолта торбичка ставена во својата чанта, со намера да избегне царинска контрола и да избегне плаќање давачки кон државата во износ од 149 илјади денари.
По преземање предистражни дејствија поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.
