Предизборни дебати со кандидатите за градоначалници на општина Тетово. Во Топ Тема своите програми ги соочуваат Катка Божиноска од Левица, Самка Ибраимоски од Коалиција Искуство за успех: ЛДП, ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР, Бајрам Реџепи – Коалиција НАИ предводена од ДУИ и Стевица Саркоски – ВМРО – НП.
Според Бајрам Реџепи од Коалиција НАИ предводена од ДУИ дека сегашното раководство на општината Тетово на незаконски начин префрлува пари на градители кои градат во Тетово преку цесии и дека тој како иден градоначалник ќе ги забрани.
„Договорите за цесија веќе се забранети со закон, ако ги гледате градбите во моментов во Тетово, има наплив мислам дека во секое ќоше како печурки никнуваат нови градби. Ние направивме една калкулација според тие згради кои во моментов се градат во Тетово, општината требаше да добие од 13,5 до 14 милиони евра како комунални такси, и со тоа ќе се намалеше долгот на општината. Но што се случува? Во моментов тие наоѓаат некој незаконски начин им префрлуваат пари на сите тие градители кои во моментов градат во Тетово, не плаќаат во буџетот на Општината Тетово, туку со цесии, и тоа нашле некој друг начин како ги префрлуваат нивните блиски компании и затоа не се намалува долгот. Верувале ли, дека само во последните месеци има 10-тина милиони евра префрлено во нивните компании. Тоа ние ќе го решиме и ќе го забраниме, како и сите средства од комуналните такси ќе се префрлат во буџетот на Општината Тетово “, рече Бајрам Реџепи – Коалиција НАИ предводена од ДУИ.
Додека пак кандидатот Стевица Саркоски од ВМРО – НП, освен забелешките за партиските вработувања во општината Тетово кажа и виц дека „Ако не дојдеш прв на работа не можеш да фатиш столче во сопствената канцеларија“.
„Потребна е рационализација на систематизацијата на Општина Тетово, таму е бројката само во Општината Тетово што работеа службениците, а не се спомнати ни во јавните претпријатија што се полигон за партиски вработувања. Јас мислам и дека директорите на тие јавни претпријатија не го знаат точниот број на вработени кои што им се на платен список, а кои што се појавуваат на работа. Преку дигитализација на општинската администрација и прераспределување во оние сектори во кои навистина има потреба, тоа е единствениот начин да се реши тој проблем. Има еден виц во Тетово – Ако не дојдеш прв на работа, ќе не можеш да фатиш и столче во сопствената канцеларија, колку има вработени во општината. Пола од вработените не се познаваат меѓу себе затоа што на дневно ниво има нови партиски вработувања. Така да тоа е единствениот начин“, изјави Стевица Саркоски од ВМРО – НП.
Т.Д.
