Предизборни дебати со кандидатите за градоначалници на општина Тетово. Во Топ Тема своите програми ги соочуваат Катка Божиноска од Левица, Самка Ибраимоски од Коалиција Искуство за успех: ЛДП, ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР, Бајрам Реџепи – Коалиција НАИ предводена од ДУИ и Стевица Саркоски – ВМРО – НП.
Според Катка Божиноска од Левица, еден од главните проблеми со кои се соочува Тетово е сообраќајниот метеж кој според неа се должи на лошата урбанизација.
„Собраќајниот метеж во Тетово се должи на лошата урбанизација, на секое место кадешто имало куќа, изградиле згради со недоволен паркинг простор. Прва мерка е обезбедување на паркинг простори со катни гаражи, на влезот на Тетово и неговиот излез, за да може да се растерети, обезбедување на јавен градски превоз, да не мора да се движат со кола, тоа е една од приоритетните мерки, потоа проширување на улиците каде што е можно, средување на тротоарите и централното сообраќајно јадро треба да се растерети со пробивање на булеварот Благоја Тоска од двете страни и на тој начин да се ублажи и да се реши проблем, но и потребен е и голем напор од граѓаните“, објасни Катка Божиноска од Левица.
Таа во контра реплика на против кандидатот Ибраимовски рече дека би ги зголемила казните за непрописно паркирање затоа што тие се главен извор на сообраќајниот хаос, а би ги намалила паркинг услугите за да ги користат повеќе граѓаните.
Според Самка Ибраимовски, кандидатот од Коалицијата Искуство за успех потребно е дополнително да се реши проблемот со канализацијата, а на прашањето за зеленилото додаде дека треба да се засадат зелени површини секогаш кога се градат згради.
„Треба да се стави точка по оваа прашање да престанат ваквите давања на дозволи, од причини што се зголемува трошењето на водата, елетричната енергија, дали има капацитет. Тоа во моментот едноставно само се прави така што се купуваат две куќи, за третата се преговара, се гради. Дали ќе има доволно вода, дали канализација може да издржи таков притисок, имаме такви проблеми. По мојот пример, 20 години секој градоначалник кој доаѓал ветувал дека ќе им ја направил канализацијата, и тоа не е направено, и сега испадна дека пак јас ќе морам да ја направам канализацијата“, рече Самка Ибраимовски од Коалиција Искуство за успех: ЛДП, ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР.
Т.Д.
