Санкциите на САД против Нафтената индустрија на Србија стапија на сила утрово, поради мнозинското руско сопствеништво во компанијата.
НИС соопшти дека не им е продолжена специјалната лиценца од американското Министерство за финансии, што досега им овозможуваше непречено работење.
Директорката на малопродажниот сектор, Бојана Радојевиќ, изјави дека компанијата подготвено ги дочека санкциите, со доволни залихи на гориво и сурова нафта.
Таа апелираше до граѓаните да не создаваат паника и редици на пумпите, нагласувајќи дека снабдувањето ќе продолжи без прекини.
Иако платниот промет сè уште функционира нормално, Радојевиќ предупреди дека може да дојде до прекин во текот на денот.
Во таков случај, горивата ќе можат да се купуваат со готовина, домашни платежни картички и преку мобилни апликации.
Б.С.
