Вести Македонија Најважни

Продолжува судењето за „Онкологија“

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето против поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, обвинети за злоупотреба на службената положба, измама и проневера. На денешното рочиште се очекува да сведочат вработени од клиниката кои ќе ги дадат своите искази за наводните неправилности… На претходното рочиште сведочеше медицинска сестра од Клиниката за онкологија која изјави дека во три случаи, кога имало недостиг на лекови, лично добила терапија од тогашниот директор Нино Васев. Таа ја опиша ситуацијата кога лекот „тецентрик“ не бил достапен во болничката аптека, но ѝ бил предаден од директорот во неговата канцеларија, во присуство на сопругата на пациентот… Медицинската сестра исто така сведочеше дека дозата на лекот била менувана во еден од извештаите, а при попис во 2022 година фалеле 90 ампули „гемзар“ и уште 40 ампули исчезнале од работната маса, случаи што биле пријавени и во полиција. Одбраната на Нехат Нухи на претходното рочиште постави низа прашања кои обвинителката ги оцени како несоодветни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе