Вести Култура Топ вести

Синдикатот за култура ја доби првата пресуда во нивната корист од 800 тужби за пресметките на плати

По седум месеци откако протестираа за доцнењето на платите и за несогласувањето на ресорното министерство да го исплати во целост зголемувањето од 8, 5%, согласно порастот на минималецот , Колективниот договор за култура, Општиот колективен договор и Законот за работни односи, Синдикатот за култура ја доби првата судска пресуда од 800 тужби против Министерството, поднесени за скратените плати за 3%. Оваа прва победа е јасен доказ дека борбата за достоинството во културата е правно издржана , рекоа од СКРМ на пресот пред министерството.

  • Се потврдува дека културните работници се жртви на незаконити решенија и неправедна пресметка на платите. Се налага институциите конечно да го почитуваат законот и достоинството на културните работници. Со оваа пресуда, Судот потврди дека правата на културните работници биле повредени со незаконски донесени решенија за плати, вели Вера Атанасовска, претседателка на СКРМ.

Со пресудата се поставува темелот за сите останати 799 тужби што следуваат, рекоа од СКРМ. Тие прстот го вперија кон вработени во Министерството за култура и туризам , за кои кажаа дека последниве две години ги кројат решенијата за плати со номинални износи, наместо според законска формула.Како е направена формулата за кратење на платите од министерството не добиле одговор, а од Финансии ги известиле дека пресметките се прават во Култура. Затоа прашуваат:

  • Кој ќе ја понесе одговорноста за ваквата штета , кога документите немаат потпис од изготвувач и одговорно лице? Ќе одговара ли некој за судските трошоци на кои сега се изложени институциите? Дали истите службеници сега ќе ги заштитат директорите во културата, за кои СКРМ поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената должност , прашува Атанасовска од СКРМ.

Од СКРМ бараат средба во министерството за надминување на проблемот. Доколку тоа не се случи најавија продолжение на правната битка и барање одговорност за оштетениот буџет.

А, од министерството со одговор дека до нив не е пристигната никаква официјална информација за добиената пресуда во корист на СКРМ и немаат конкретни сознанија за која институција од културата се однесува пресудата. Министерството за култура и туризам внимателно го следи целиот процес и веднаш штом ќе располагаат со проверени информации, навреме ќе ја информираат јавноста, велат од таму.

Сотир Трајков

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со посредство на САД можна средба Зеленски-Путин?

Kristina Kuzmanovski

Трамп: Би ми било „чест“ да се сретнам со врховниот лидер на Иран за да се постигне договор

Kristina Kuzmanovski

Македонија за прв пат избрана за членка во ЕКОСОК

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе