Вести Македонија Најважни

По пукањето во Куманово, напаѓачот на пулмологот Шаини сè уште во бегство- има осомничени, вршен претрес во една куќа

Зекирија Шаини, носител на листата на ДУИ во Липково и вработен на Клиниката за пулмологија е во добра здравствена состојба и се опоравува од здобиените повреди откако вчера беше застрелан во центарот на Куманово, во близина на повеќе институции, потврди Министерството за здравство. Шаини бил застрелан четири пати и по укажаната медицинска помош се наоѓа во стабилна состојба.

Иако МВР соопшти дека пукале повеќе лица од возило во движење, безбедносни снимки покажуваат дека напаѓачот бил пеш, а Шаини се наоѓал во возило кое било нападнато.

Од Јавното обвинителство вчера соопштија дека двајца јавни обвинители извршиле увид и според нивните првични информации, мотивот за нападот не бил политички, но се проверуваат сите индиции.

Извори од истрагата велат дека станува збор за мотив од семејни прилики поради што имало неколку осомничени и траги кои се проверуваат. Бил направен и претрес во една куќа во Куманово, но сопственикот на таа куќа бил отфрлен како можен осомничен.

Ранетиот пулмолог Шаини има повреди на раката и нозете кои не се од потежок карактер. Во првичните изјави рекол дека во моментот на нападот зборувал на мобилен телефон и не го видел ликот на напаѓачот.

Случајот доби и политички димензии откако напаѓачот, кој патем сè уште не е уапсен, во сред изборна кампања, во близина на општината, полицијата, судот, обвинителството и општинската канцеларија на ДИК, пука во еден од носителите на советничка листа и актуелен претседател на Советот на општина Липково.

Тошковски: Нема да си поднесам оставка – „Политиката не е шоу, туку одговорност“

ДУИ стиска „пауза“ на кампањата поради пукањето во Куманово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе