Министерството за здравство со голема вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден докторот Зекирја Шаини. Од таму известуваат дека повредите на докторот не се животно загрозувачки, тој е во стабилна состојба и се наоѓа во процес на опоравување. Од ресорното министерство најавуваат целосна поддршка за докторот додека трае неговата рехабилитација и категорично осудуваат било какво насилство врз здравствените работници. Безбедноста на медицинскиот персонал останува приоритет, а во таа насока ќе се работи на унапредување на мерките за заштита преку соработка со здравствените установи и локалните власти. Министерството за здравство ќе учествува во целосно расчистување на случајот. Јавноста се повикува на воздржаност, почитување на приватноста и солидарност кон повредениот доктор и неговото семејство, се вели во соопштението на МЗ на фејсбук.
МЗ: Доктор Шаини е во стабилна состојба
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
