Одржување на зеленилото, многу посилно од ова што досега го прави јавното градско претпријатие, чување на шумскиот фонд и негово зголемување, проширување во делот на парковското зеленило, истакна Стевчо Јакимовски, актуелен градоначалник и кандидат за нов мандат во Општина Карпош од коалицијата „Искуство за успех“, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма, како дел од мерките на краток и среден рок што планира да ги спроведе за постепено намалување на загаденоста.
„Субвенции за поставување на фотоволтаици на индивидуалните и колективните домаќинства, субвенции за други извори на топлина, освен користење на фосилно гориво, субвенции за електрични возила до 2.500 евра, проширување на користењето на обновливите извори на енергија во сите училишта и градинки на територијата на Општина Карпош“, порача Јакимовски.
Во вечерашната дебата во „Топ тема“ беа поканети сите пет кандидати за градоначалник на Карпош, учеството го откажа Сотир Лукровски, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со објаснување „со обврски со партиски митинг“ и „претходно договорени настапи на други телевизии“.
С.Д.
