Израелската војска рано утринава ја блокираше најновата хуманитарна флотила која беше на пат кон Појасот Газа, при што активистите кои се наоѓаа на бродовите беа приведени. Коалицијата „Флотила на слободата“ соопшти дека осум пловни објекти кои се обидувале да го пробијат израелското поморско ембарго врз палестинската територија биле пресретнати во меѓународни води. Израелското Министерство за надворешни работи ја потврди акцијата и информираше дека бродовите ќе бидат пренесени во израелско пристаниште. Ова е втора интервенција врз хуманитарни флотили во последните неколку дена, по сличен инцидент на 2 октомври.
Израелската војска утринава ја блокираше најновата хуманитарна флотила за Газа
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
