Единаесет од 20 пријавени кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) го минаа првиот филтер и продолжуваат во наредната фаза, на интервју на 20-ти октомври. На денешната седница, петчлената комисија предводена од претседатлеот на Уставен, изврши административна проверка на апликациите во однос на критериумите за пријавување и по проверката, ја утврди листата на апликанти кои ќе бидат поканети на интервју, информираа преку соопштение.
На Листата се апелационата судијка Оља Ристова, судијата Али Алиу, деканот на правниот факултет „Јустинијан Први“, Сашо Георгиевски, екс-уставната судијка Наташа Габер, членот на ДИК Александар Даштевски, заменик директорот на Академијата за судии и обвинители Илир Исени, адвокатите Тони Менкиноски, Јордан Апостолски, Јелена Ристиќ, Наташа Бошкова и поранешната адвокатка Ана Дангова Хуг.
„Комисијата изразува задоволство од искажаниот интерес и од бројот на апликации и во однос на квалитетот на апликантите“, стои во сопштението.
Ова е новоформирана комисија, откако владата на 22 јули ја поништи претходната листа со тројца кандидати судијката Габриела Гајдова, обвинителката Ленче Ристоска и адвокатот Јордан Апостолски со образложение дека не ги исполнувале критериумите. Кои критериуми досега владата не одговори, иако тоа јавно го побараа и кандидатите .
Во продолжение листата на сите пристигнати 20 апликанти:
- Велимир Деловски
- Соња Петрушева
- Оља Ристова
- Александар Гоџо
- Тони Менкиноски
- Валентин Пепељугоски
- Ѓоко Живковски
- Андреј Димовски
- Наташа Габер
- Јордан Апостолски
- Лидија Неделкова
- Александар Даштевски
- Али Алиу
- Илир Исени
- Јелена Ристиќ
- Сашо Георгиевски
- Наташа Бошкова
- Едита Наскова
- Александар Лазов
- Ана Дангова Хуг
