Вести Македонија

Обвинителството бара притвор за нанесување тешка телесна повреда во Виница

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Виница за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

  • Осомничениот 37-годишник, на 2 октомври, на паркинг простор пред ресторан во Виница, со умисла тешко телесно повредил едно лице и му го довел во опасност животот. Откако започнал вербална расправија со оштетениот во ресторанот, осомничениот пред објектот најпрво го фатил оштетениот за јакната и му задал повеќе удари со тупаници во стомакот. Потоа продолжиле да се туркаат и да се удираат со камења, соопшти ОЈО Кочани.

Присутни лица се обиделе да ги раздвојат, но во еден момент осомничениот со камен го удрил оштетениот во задниот дел од главата и тој од ударот паднал во бесознание. Му била нанесена тешка телесна повреда – скршеница на черепот на главата, поради која оштетениот се наоѓа во кома и е неконтактибилен, а животот му е доведен во опасност.

Јавниот обвинител, веднаш по настанот, достави предлог до Судот со кој лицето беше обезбедено со мерка притвор во траење од два пати по 48 часа со цел да се обезбедат сите потребни докази особено во поглед на здравствената состојба на оштетениот. Во текот на денешниот ден, веднаш по формалното отворање на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување редовен притвор во траење од 30 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе