Вести Македонија Најважни

Филмска потера на полицијата по затвореници од Идризово

Филмска потера по осуденици од затворот Идризово се случувала доцна синоќа во Скопје. Осудениците на 45 и 23 годишна возраст не застанале на даден знак од полициски службеници по што започнала потерата по нив.

Околу 20 часот и 20 минути додека се возеле во „ренџ ровер“ на улицата „Панче Неделковски“ во скопската населба Чаир наместо да застанат на барање на полицијата се дале во бегство. Тие биле на привремен отпуст од затворот, односно користеле слободен викенд.

„Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода“, стои во соопштението на МВР.

Полициските службенци тргнале по нив, при што ренџ роверот се упатил кон обиколницата, а потоа и кон Велес. Во близина на населбата Нова Колонија биле пресретнати од полициските службеници, кои биле со службената мазда. Но, наместо да се предадат, осудениците на два пати ја удриле маздата кога полициските службеници кога се обиделе да го престигнат ренџ роверот.

„Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот“, се додава во соопштението на МВР. 

Во ренџ роверот биле пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила. Осудениците според информациите на Телма, имале уште малку време од отслужување на нивната казна затвор. Тие биле осудени за поседување на дрога, нелегално оружје, насилство и криумчарење на мигранти.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе