Утрово од 08:30 до 10:30 часот вработените во „Флораком“ и „Луна“, заедно со СУТКОЗ, единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности, ќе одржат протест со блокада на влезот на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје. Причина за протестот е неисплатената плата за месец август. Претседателот на синдикатот, Кашиковски, информираше дека синдикатот заедно со стручниот тим во ЈП „Паркови и зеленило“ иницирал изработка на нов модел за финансирање на претпријатието, базиран на искуствата од соседните земји… Со оглед на локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври, синдикатот планира своите предлози да ги презентира пред јавноста на 15 или 16 октомври, со цел да побара од идниот градоначалник, без разлика кој ќе биде избран, да го земе предвид како начин за финансирање на претпријатието, како и на фирмите „Флораком“ и „Луна“.Овој протест е дел од напорите за решавање на проблемите со финансирањето и обезбедување навремена исплата на плати на вработените во комуналните дејности.
Утрово протест на вработените во „Флораком“ и „Луна“, заедно со СУТКОЗ
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
