Вести Економија Македонија Топ вести

СУТКОЗ: Вработените во „Флораком“ и „Луна“ ќе ја добијат августовската плата

Платата за август ќе ја добијат вработените во „Флораком“ и во „Луна“, фирми ќерки на Јавното градско претпријатие „Паркови и зеленило“, информира денеска Стојанче Кашиковски, претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија (СУТКОЗ).

Според него, средствата за исплата на нивната августовска плата се префрлени на сметката на ЈП „Паркови и зеленило“, од каде потоа треба да им бидат исплатени.

Кашиковски апелира раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш да почне со правење напори за обезбедување средства за исплата на септемвриската плата за да не бидат принудени повторно овие вработени да протестираат, барајќи да им биде исполното нивното работничко право за исплата на плата.

Испалатата на платите следи по седумдневните протести на вратените од „Флораком“ и „Луна“.

Утровo тие одржаа краток протест од еден час без блокирање на улиците, само пред влезот на ЈП „паркови и зеленило“ во Скопје.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе