Вести Свет

Лавината ги носела 200 метри- во Словенија пронајдени телата на тројца хрватски планинари

Во Словенија, под врвот Тосц се најдени телата на сите тројца хрватски државјани кои беа зафатени со лавина за време на планинарска тура во Јулијски Алпи. Тројцата планинари се загинати, а според index.hr жртвите се браќа од градчето Каштел во Хрватска. Телото на еден загинат беше најдено синоќа, додека останатите двајца загинати се пронајдени утрово.

-Ги најдовме и двајцата преостанати планинари. За жал, загинати. Едниот се наоѓаше околу еден метар длабоко во снегот, а вториот на длабочина од 1,5 метар. Едниот е префрлен со хеликоптер, а за вториот се организира превоз и има потешкотии со времето и теренот, изјави Миха Арх, водач на спасувачката акција.

Планинарите го искачувале врвот вчера напладне кога по престанок на снежните врнежи се појавила планинска лавина. Загинатите биле на околу 1.800 метри надморска височина (врвот Тосц е на 2.275 метри надморска височина). Снегот ги носел младите Хрвати 150 и двесте метри, а силниот ветар нанел снег врз нивните тела.

Во потрагата, покрај спасувачките служби учествувала и словенечката војска. Хрватскиот министер за внатрешни работи отпатува во Словенија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе