Грета Тунберг и 170 активисти пристигнаа попладнево во Атина откако беа депортирани од Израел.
Тие беа дел од поголемата група членови на флотилата чамци и бродови кои се обидуваа да достават хуманитарна помош за Газа преку море. Дел од активистите претходно веќе беа депортирани а дел од нив се уште се во израелски притвор.
Тунберг и останатите ослободени активисти беа пречекани со аплаузи и овации од повеќе стотици поддржувачи на аеродромот во главниот град на Грција, кои скандираа слогани во поддршка на Палестинците со развиорени знамиња.
Обраќајќи им се на присутните , Тунберг изјави дека во Газа се спроведува геноцид и дека сега е вистинскиот миг да се изврши притисок за запирање на убиствата во Газа.Taa ги обвини меѓународните влади дека не успеале да го направат неопходниот минимум за да им стават крај на масовните убиства на Палестинците од страна на Израел.
„Системите не успеваат“, вели Тунберг, додавајќи дека целта на глобалната флотила Сумуд била да се обидат да направат нешто што владите не успеале. „Оваа мисија не требаше ниту да постои“ – тврди Грета Тунберг.
Н.И
