Решавање на урбанизмот и трајни и брзи решенија околу издавање на сите потребни документи за граѓаните да не минува голем период, најави Владимир Ѓорѓиоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од Македонска Ера Трета/македонски независни листи-суверенисти, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Трајно решение околу инфраструктурите кои што се важни за развој на градот да функционираат сите области. И третата работа, околу екологијата, исто трајни и брзи решенија за брзо да почне да функционира екологијата и другите активности што би следеле тука“, рече Ѓорѓиоски.
Во вечерашната „Топ тема“ учествуваа седум кандидати за градоначалник на Прилеп. Учеството во дебата го откажаа Ѓорѓија Игески (група избирачи) и Јасминка Стојкоска од Демократи.
С.Д.
