Балкан Вести Свет

Додека судел бил смртно застрелан во Апелациониот суд во Тирана

„Сериозен инцидент ја вознемири албанската јавност попладнево, кога во судска сала на Апелацискиот суд во Тирана, со огнено опружје, беше пукано во судијата Астрит Калаја, кој бил транспортиран во клиниката за трауматологија во Тирана, но кусо потоа подлегнал на здобиените повреди.

Сторителот Ѓан Шкемби испукал три куршуми во судијата Калаја, веднаш откако почнал да ја чита донесената одлука во врска со неговиот случај.

Дел од кршумите погодија и уште две лица, татко и син, но се вон животна опасност.

Судијата Калаја водел случај околу сопственоста на поранешна училишна зграда во северниот град Скадар, во која биле сместени 31 семејство. Семејствата го тужеле Шлемби дека со фалсификувани документи станал сопственик на објектот и околната површина и барал од нив да го напуштат објектот.

Останува нејасно како убиецот можел да мине преку неколку физички проверки и детектори за метал“ пишува МИА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе