Еден од моите револуционерни проекти е вработување на службеник со вештачка интелигенција, рече Жарко Бошкоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од коалицијата „Искуство за успех“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Една од клучните работи, исто така, е хигиената на јавните површини, екологија и чистиот воздух. Друга клучна тема е како да ги задржиме, не само младите, туку и останатите граѓани да не заминуваат од нашата општина“, рече Бошкоски, кој додаде дека локалната самоуправа треба да воведе процедури на работење.
Во вечерашната „Топ тема“ учествуваа седум кандидати за градоначалник на Прилеп. Учеството во дебата го откажаа Ѓорѓија Игески (група избирачи) и Јасминка Стојкоска од Демократи.
С.Д.
