Вести Најважни Свет

Путин: Испораката на „Томахавки“ за Киев, би ги уништила позитивните трендови меѓу САД и Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека испораката на американските ракети „Томахавк“ на Киев, би ги уништила позитивните трендови што се појавија во односите меѓу Русија и САД.

„Имаше прашања поврзани, на пример, со дискусијата за проблемите со испораките на нови системи за оружје, вклучувајќи ги и системите „Томахавк“ со долг дострел и висока прецизност и така натаму. Веќе реков дека ова ќе доведе до уништување на нашите односи, барем на позитивните трендови што се појавуваат во тие односи“, рече Путин во интервју за телевизија „Россија 1“.

Путин претходно изјави дека доколку Киев почне да користи ракети „Томахавк“, тоа би ги оштетило односите меѓу Русија и САД. Тој истакна дека употребата на овие ракети во Украина би била невозможна без директно учество на американските трупи.

Претходно, потпретседателот на САД, Џej ди Венс, за „Фокс њуз“ изјави дека администрацијата на Трамп ја разгледува можната испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина, но дека конечната одлука е на американскиот претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе