Вести Македонија

Потребно е брендирање и поголема промоција за пробивање на пазарот, сметаат пчеларите

Македонските производители имаат знаење и нудат квалитетни производи, но за да се пробијат на пазарот потребно им е брендирање и поголема промоција. Во малите гратчиња и населени места низ Македонија се среќаваат голем број ентузијасти-претприемачи кои долгогодишното искуство го пренеле во сопствените пчеларници, винарии, мали конзерваторски работилници.

Јани Томов од селото Тимјаник од Неготино вели дека имаат солидни површини под винова лоза и произведуват вина во сопствената мала винарија. Сметаат дека доколку државата повеќе посвети на нивна поддршка, многу пдообро ќе се живее од оваа гранка.

Томов денеска изложува на агросаемот во Струмица, заедно со десетици други производители од различи градови. Гости имаат и од соседните земји. Пчеларите од околината на Врање, Република Србија, донесоа пчелни производи, а ги споделија и проблемите кои како што велат, слични се со оние на колегите од Македонија.

„Пчеларите се во многу тешка ситуација. Пчеларството е земјоделска гранка што е директно поврзана со климатските услови. И сами знаете дека и земјоделците зависат од пчеларите. Мислам дека малку внимание им се посветува на пчеларите“, смета Стојан Цветковиќ, пчелар од Србија.

Стојан вели дека родот на пчеларите секоја година е помал, поради климатските промени. Во Струмица на саем доаѓа да размени искуства и информации, но и да разговара за соработка со тукашните пчелари. Организаторите на саемот велат дека тоа е и целта на настанот. Да се најдат на едно место трговците, производителите, а посетителите да ги запознаат домашните производи.

Агросаемот е настан што го слави земјоделецот и неговата улога во заедницата. Во Струмица се одржува петта година по ред.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе