Вести Македонија

Попладнево нов „Марш на ангелите“ во Кочани

За попладнево во Кочани е најавен нов „Марш за ангелите“, што треба да почне во 16:05 часот, како симбол на задоцнетата реакција на институциите што доведе до пожарот во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62-ца млади луѓе.

Маршот го организираат семејствата на загинатите во пожарот, а ќе почне од Паркот на револуцијата кон трговскиот центар, а потоа кон Управата за јавни приходи во Кочани. Најавено е потоа колоната да продложи кон министерството за внатрешни и кон судот, а да заврши со враќање во Паркот на револуцијата.

Вчера, кривичниот суд во Скопје целосно го одобри обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“. За пожарот, кој се случи на 16 март годинава на концерт на групата ДНК, обвинети се 34 луѓе и три фирми. Се гонат за тешки дела против општата сигурност.

Меѓу обвинетите се газдата на „Пулс“, Дејан Јованов Деко, како и неговиот син Михајло, неговиот брат Тодор, но и Митко Стојанов, директорот на фирмата, на чие име била едната лиценца на дискотеката. Потоа сопственикот на објектот, Гроздан Милковски, кој го дал под закуп, двајцата поранешни министри за економија, Крешник Бектеши и Ваљон Сарачини, поранешната државна секретарка, Размена Чекиќ-Дуровиќ и петмина службеници кои издале лиценци за „Пулс“, иако не ги задоволувала минималните технички услови.

Обвинети се и поранешните кочански градоначалници Ратко Димитровски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов и тројца инспектори од општината кои требало да знаат дека дискотеката работи незаконски. Обвинети се и поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, службеници од државниот пазарен инспекторат, директорот на агенцијата која ја обезбедуваше дискотетката вечерта кога изби пожарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе