Вести Култура

20 години фестивалот АКТО е отпор кон позициите на моќ

Се прават последните подготовки за отворањето на 20 издание на „АКТО“, фестивалот за современи уметности, основан 2006 година. Според неговиот идеен творец, архитектот, концептуален уметник и режисер, Филип Јовановски, „ АКТО“ започна во Битола како дружба на истомисленици за менување на општествената стварност , а продолжи како отпор против девастацијата на јавниот простор од спрегата инвеститори- политичари.

  • Е отпор, мислам веројатно кон некои конвенции, кон позиции на моќ. Преку активност, преку култура се бавевме со јавните проблеми , со јавното, го транформиравме градот во јавност, на некој начин, кажа Филип Јовановски , основач на фестивалот АКТО.

Јубилејното издание на „ АКТО“ го тематизира неговото создавање со прашањето „ Како се прави?“.

  • Да ги отвориме прашањата како се прават нештата во нашиот контекст, зад сцената. Механизмите на истрајност. И не само на истрајност, на политички контекст. Во кои услови се создава ваква култура, вели Јовановски.

Тридневната програма која започнува вечерва и ќе трае до недела, вклучува изложби, проекции, разговори, предавања, работилници и музички настани. Во фокусот на фестивалот ќе бидат неколку програмски и концепциски целини и платформи, продуцирани од „АКТО“ изминативе 4 години. Програмата ќе се случува во Лабораторијата за просторно – перформативни практики, лоцирана во киното на Железничка зграда, насловена „ Градот како сцена“ . А, на фестивалот ќе дојдат странски и домашни гости-уметници, експерти и културни работници. Дел од нив веќе учествувале на „АКТО“, а дел ќе присуствуваат за прв пат.

Сотир Трајков

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со посредство на САД можна средба Зеленски-Путин?

Kristina Kuzmanovski

Трамп: Би ми било „чест“ да се сретнам со врховниот лидер на Иран за да се постигне договор

Kristina Kuzmanovski

Македонија за прв пат избрана за членка во ЕКОСОК

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе