Вести Култура

Гудачите од „Оркестар без граници“ вечерва пред македонската публика

Вака изгледаше пробата на гудачите од „ Оркестарот без граници“ , кој по 13 години постоење вечерва за прв пат ќе настапи пред нашата публика. Во рамките на турнејата , насловена „ Пресвртница“, во камерната сала на Македонската филхармонија „ Оркестарот без граници“ , составен од музичари од поранешните југословенски републики ќе ја покаже убавината на спојот меѓу различните изведувачи . Негов основач и диригент е Премил Петровиќ од Србија.

  • Ние овде во просторот на поранешна Југославија имаме апсолутно феноменални музичари. Многу од нив имаат водечки улоги во европските оркестри. Мојата идеја беше едноставно тие луѓе да се состанат, да се спојат и да се покаже што можеме како музичари. Но, во исто време да покажеме исто така, и што можеме на општествен план, вели Премил Петровиќ, диригент и основач на „ Оркестар без граници“.

На концертот ќе бидат изведени дела од Арнолг Шемберг, Рихард Штраус и Густав Малер, како и композиции од автори од Црна Гора, Србија , Хрватска и Македонија, напишани по нарачка на оркестарот. Македонија ја претставува композиторката Дарија Андовска со нејзиното дело „ Апоптотични тела“, чија светска премиера беше пред една година во Сараево.

  • Мојата задача беше да ги спојам, т.е. да направам транзиција помеѓу делото на Малер-„ Адаџето“ и од Штраус- „ Метаморфози“. Идејата на целиот проект е метаморфоза , а „ Апоптотични тела“ е дел од процесот Апоптоза. Тоа се делови од клетки кои пренесуваат информации, рече Дарија Андовска, композиторка.

Еден од организаторите на концертот е тромбонистот Виктор Илиески, поранешен директор на МФ и воедно еден од членовите на „ Оркестарот без граници“ од Македонија.

  • Успеавме да го реализираме овој концерт со неколку спонзори . Тоа е фактички после снимачката сесија во музичкото студио „ Фејмс“ , каде што се подготвува второто Издавач на звукот е престижната компанија „ Дојче Грамофон“ , заедно со „ Јуниверзал мјузик“, кажа Виктор Илиески , тромбонист.

Оркестарот  веќе издаде CD за престижната дискографска куќа „ Дојче Грамофон“, а пред две години  ја освои  наградата „ Ерхард Бусек“ за шампион во регионалната соработка. Доволно референци што гарантираат уникатна и квалитетна изведба , вечерва.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Временска прогноза за 6.6.2026

meteo

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе