Обвинетата претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, со записник го вратила безбедносниот сертификат „Државна тајна“ и веќе не смее да го користи, потврдија од Антикорупциската комисија за ТВ Телма. Откако Телма објави прилог за истрагата против Димитровска, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ѝ наложи на ДКСК привремено да ѝ го одземе сертификатот поради правосудната постапка што се води за неовластено издавање службени тајни и злоупотреби поврзани со полагањето за пристап до класифицирани информации. Истовремено, исто барање било испратено и до Државниот завод за ревизија, каде што работи обвинетиот ревизор Миле Столески, кој, според обвинението, полагал тест во име на Димитровска. Од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации велат дека за двајцата се вршат дополнителни безбедносни проверки за евентуално трајно одземање на сертификатите.
