Вести Спорт

МОК ќе ја претстави македонската младинска олимписка делегација на ЕМОФ Скопје 2025

Во Олимпискиот центар „Јане Сандански“ денеска со почеток во 11 часот, ќе бидат претставени младите олимпијци и врвни спортски таленти кои ќе ја претставуваат  Македонија на Европскиот младински олимписки фестивал Скопје 2025.

Како што соопштуваат од Македонскиот олимписки комитет, македонската младинска олимписка делегација е составена од најперспективните млади спортисти од различни спортови и спортски дисциплини.

ЕМОФ Скопје 2025 ќе обедини над 4.000 млади спортисти од 49 различни европски делегации плус тимот на бегалците, кои ќе се натпреваруваат во 15 спортски дисциплини. Станува збор за атлетика, пливање, џудо, велосипедизам, планински велосипедизам, гимнастика, стрелаштво, пинг-понг, теквондо и бадминтон, како и тимските спортови како ракомет, одбојка, кошарка и баскет 3×3.

Натпреварите ќе се одвиваат на повеќе локации во Скопје и Куманово, а гимнастиката ќе се одржи во Градскиот спортски центар во Осиек, Хрватска.

Покрај натпреварувањата, фестивалот вклучува и церемони на свеченото отворање и затворање, како и тренинзи, едукативни и културни активности.

Отворањето на ЕМОФ 2025 ќе се одржи в недела со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе