Вести Економија Македонија

Стопанската комора го претстави новиот тим на потпрестедали

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ја нагласи потребата од соработка за зголемување на БДП, профитот и спречување на одливот на кадри, а воедно го најави и новиот тим на потпретседатели на Комората.

Претставени се одредниците на бизнис-заедницата кои треба да го трасираат патот кон економски просперитет во соработка со новата Влада. Ова доаѓа како одговор на најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека новата влада ќе биде бизнис-ориентирана и ќе побара од коморите да ги дефинираат клучните цели.

Комората ги истакна клучните барања и стратешките цели како што се образованието и извозот, ЕУ интеграциите и борбата против корупцијата.

„Градење на систем на образование за потребите на бизнисот, конкретна поддршка за извозот
преку директни инструменти и мерки поддржани од државниот буџет и подобрување на
регионалната соработка како иницијална основа за забрзување на ЕУ интегративните процеси“ стои во соопштението на Комората.

Азески ја нагласи и важноста од поширок консензус при носењето на крупните економски одлуки, кадешто покрај власта, ќе бидат вклучени и опозицијата, бизнисот, науката, невладиниот сектор и медиумите.

Иако се нотираат позитивни чекори од страна на Владата, како што е фокусот на инвестициската активност и вклучувањето на домашните компании во меѓународни проекти, сепак остануваат традиционалните забелешки за јавната администрација. Како најголем проблем во моментот се посочуваат предизвиците со кои се соочува текстилниот сектор.

За активно учество во креирањето на економските политики, Комората го претставува и новиот тим кој ќе ја заокружи пирамидата на управување. Листата на идни потпретседатели ја предводи м-р Александар Гечев од ИГМ Трејд Кавадарци, еден од најголемите извозници во земјата. Во тимот се и Сашо Наумоски, м-р Анатол Кутревски, м-р Виктор Мизо, Зоран Милковски, Сашко Самарџиоски, м-р Глигор Цветанов, Ирена Јакимовска, д-р Драгана Чифлиганец и д-р Марјан Бојаџиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе