Вести Македонија

Политички експонирани лица не пријавиле сопствеништва во фирми во изјавите за интереси во ДКСК – истражување на ЦГК

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) со анализа на истражувањето за откривање на евентуални судири на интереси и злоупотреба на моќ при јавните набавки кај политички експонираните лица. Во анализата се вели дека преку регистарот на вистински сопственици се откриени сопствеништва во фирми на политички експонирани лица (градоначалници и министри) кои не им се пријавени во изјавите за интереси доставени до антикорупциска.

Четириесет и еден од анализираните 360 поранешни и сегашни функционери се јавуваат како вистински сопственици во некоја фирма; 23-ца од тие функционери целосно или делумно ги сокриле своите удели во фирми од ДКСК.

Фирми во сопственост на градоначалници и поранешни министри добивале договори за јавни набавки, концесии и лиценци доделени од државни институции.

Во исто време, според ЦГК, на граѓаните, на новинарите и на граѓанските организации им е оневозможено активно да учествуваат во откривање на евентуални судири на интереси и злоупотреба на моќ од страна на носителите на функции. Регистарот на вистински сопственици не е јавно отворен и за информациите во него се плаќа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе