Вести Економија Македонија Најважни

(живо)Дурмиши: Пазарниот инспекторат е на терен очекуваме извештај

Mинистерот за економија Бесар Дурмиши на денешната прес- конференција се осврна на последните информации за инфлацијата во земјава кои беа објавени од страна на Државниот завод за статистика.

Посочи и дека пазарен инспекторат прави контроли и во наредниот период ќе го објави извештајот и дека ќе чекаат да видат дали има голема промена во цените и доколку има ќе бидат воведени нови поригорозни мерки.

  • Официјалните податоци покажуваат дека: Инфлацијата за месец април е практично нула во споредба со март,  0.6% зголемување; Во споредба со април минатата година, инфлацијата изнесува 2,6%; Цените на храната се речиси непроменети – само 0,3% годишен раст, и намалување од -1,3% во споредба со декември 2024. Ова се факти што покажуваат дека економијата е постабилна, и граѓаните не се соочуваат со неподносливи поскапувања. Но, тука нема да застанеме, рече Дурмиши.

Тој истакна дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат секојдневно се следи динамиката на цените.

  • Досега нема значително зголемување по завршувањето на мерката. Но, доколку некој се обиде да ја злоупотреби ситуацијата – ќе реагираме веднаш, рче министерот. И истакна дека реакцијата ќе биде решителна: Можеме да ја прошириме листата на производи со ограничени цени; Да воведеме маржи за сите производи; Или да ги зголемиме постојните ограничувања.

Огнен Чанчаревиќ се јави во живо во Вестите на Телма во 12.30

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе