Ракомет Спорт

ФОТО галерија: Лазаревски му донесе бод на Вардар во дуелот со Алкалоид

Дуелот на градските ривали кои се борат за самиот врв на табелата во ракометното првенство, Алкалоид и Вардар заврши без победник откако по шеесет минути игра двата тима постигнаа по 26 погодоци.

Бодот на Вардар му го донесе Милан Лазаревски кој успеа да ја погоди мрежата на противникот во последните секунди од мечот.

Најефикасен во редовите на Алкалоид со осум гола беше Мартин Серафимов, а пет пати прецизен беше Мартин Ивановски. Во редовите на Вардар прв стрелец со седум погодоци беше Вуко Борозан додека Лазаревски постигна шест.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе