Кошарка Спорт

Мајами и Мемфис се последните учесници во плеј-офот во НБА (ВИДЕО)

Мајами и Мемфис ги елиминираа Атланта и Далас во последните натпревари од плеј-ин турнирот и обезбедија место во разигрувањето за титулата во НБА-лигата.

Мемфис го искористи домашниот паркет и го победи Далас со 120-106. Џарен Џексон со 24 поени ги предводеше Гризлис, додека Џа Морант и Дезмонд Бејн имаа по 22 во победничката екипа. Кај Маверикс најефикасен беше Ентони Дејвис со 40 поени. Мемфис во првата рунда од плеј-офот ќе се соочи со најдобриот тим на Западната конференција Оклахома.

Мајами стигна до плеј-офот со две гостински победи. Прво го елиминираше Чикаго, а утринава славеше и против Атланта на гостински паркет со 114-123 по едно продолжение. Тајлер Хиро со 30 поени беше најефикасен кај Мајами, додека Ендру Вигинс имаше 20. Кај Хокс, Тре Јанг имаше 29 поени со 11 асистенции. Интересно Хит стана првиот тим што завршил на 10-тото место во сезоната и успеал да стигне до плеј-офот, каде ќе се соочи со најдобриот тим во лигата и лидер на Источната конференција, Кливленд.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ундав е херојот на Германија, Јапонија го декласираше Тунис, а Курасао освои историски бод (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе