Вести Економија

Младите земјоделци може да добијат 10 илјади евра неповратна помош за инвестиции

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за помош пд 600 000 денари (речиси 10 илјади евра) на млади земјоделци на возраст од 18 -40 години кои за прв пат почнуваат да се занимаваат со земјоделство. Дополнителен услов за неповратниот грант е апликантите да се  запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци и да имаат деловен план за нова  инвестиција

-Максималната финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100% од направените трошоци. . Овие предвидени средства ќе се доделуваат за период на реализација на деловниот план и ќе се исплаќаат на годишно ниво но најмногу на три рати. Дополнително предвидена е и 40% авансна исплата на предметната инвестиција, рече ресорниот министер Цветан Трипуновски.

На јавниот повик предност ќе имаат младите жени земјоделки, членови на задруги, млади со завршено земјоделско или ветеринарно образование, оние кои сакаат да инвестираат во механизација и опрема за преработка и за  сточарско производство.

Аплицирањето за оваа мерка се врши по електронски пат најдоцна до 9.05.2025. Целта е подмладување на ресорот и зголемување на земјоделското производство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе