-Сетот на 7 мерки немаше да го предложевме ако видевме дека имаме добар инпут на владата во однос на состојбите кои што ни се случуваат де факто во државата. Ова се статистички податоци и не ги измисливме ние дека цените на храната се зголемени некаде и до 20 и 30 проценти, посочи Каја Шукова од СДСМ.
-ДЗС вели трошоците за живот пораснале за 4,9% проценти, сметките за струја имаат зголемување за 20 до 30 проценти без разлика што цената според регулаторна е покачена за еден. 48 проценти се зголеми цената на парното сето тоа удира на семејните буџети. И сите ние очекувавме врз основа на сите овие анализи кои што се прават дека ќе имаме некаков сет на мерки кои ќе ги понуди владата, а кои што ќе им помогнат на граѓаните, рече Шукова.
Таа наведе дека поради недоволната реакција на владата тие како СДСМ нудат сет мерки за надминување на социјалните проблеми предизвикани од економијата.
-Кога гледаме дека владата не реагира соодветно со сет на мерки кои што се очекувани, најавени, па одложени, се поставува и прашање кој управува со владата. Можеби треба сите да си ја поставиме таа дилема и во таа смисла, ние излегуваме со сет на мерки како што сме излегувале и порано, изјави Каја Шукова во вечерашната ТОП Тема.
Игор Здравковски (ВМРО-ДПМНЕ): Не прифаќаме замрзнување на цени затоа што тоа предизвикува бум