Uncategorized Вести Македонија

Чакулев во „Топ тема“: Како што сме загадени сега, само Лазарополе ќе ги задоволува параметрите во новата директива на ЕУ за квалитет на воздухот

Ние ги таргетираме сите извори. Европа донесе нова директива за квалитет на амбиентниот воздух во која вредностите се преполовени. Со нив, како што сме сега загадени, само Лазарополе ќе биде место што ги задоволува некои нови законски параметри, истакна Татјана Чакулев од „О2 Иницијатиа“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Бидејќи нашите вредности во летните месеци се доста високи, во однос на тие ако ги гледаме како референтни, сметаме дека апсолутно сите извори кои придонесуваат за зголемување на ПМ честичките, што се глеване проблем во градот, да бидат адресирани. Низ годините сме чекале владата да преземе некои мерки, општините да преземат некои мерки, сме пробувале на различни начини, меѓутоа сметаме дека ако не се вклучат сите чинители кои се изворите на загадување, ние нема да видиме ефект“, смета Чакулев.

Ако се изземат термоелектраните, најголем дел од согорените горива на ниво на држава, како што нагласи, доаѓа од биомаса (43 отсто) и сообраќај (45 отсто). Чакулев истакна дека се обратиле со советниците во Град Скопје со барање за забрана за домаќинствата и во сите други правни субјекти за горење на јаглен, мазут, нафта, односно, како што рече, сите течни и цврсти горива, без дрвата, како една од среднорочните мерки за оодобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во Скопје. Но, и поставување на филтри во секој дом во кој се согоруваат дрва за греење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе