Вести Македонија Топ вести

Новиот владин состав ќе се дефинира викендов – Мицкоски претходно ќе се сретне со коалиционите партнери од ЗНАМ и од Вреди

Новиот владин состав ќе се дефинира викендов. Премиерот најави дека во петок и во сабота ќе се сретне со коалиционите партнери од ЗНАМ и од Вреди за да разговараат околу најавената реконструкција.Соработката продолжува со сите партнери, а нема да има промени  ниту на партнерот од албанскиот блок.

  • Ние имаме исклучително коректна и, би рекол, пријателска соработка со нашиот коалиционен партнер ВРЕДИ/ВЛЕН. Очекувам така и во таа насока да продолжиме. Знаете дека по реализирањето на нашата соработка после изборите 2024 година следеа локалните избори каде што тие беа убедливи победници во 10 општини во, условно кажано, албанскиот дел во Македонија. Во овој момент не гледам пречка зошто нашата соработка да не продолжи, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Освен смена на некои министри, можни се и рокади на ресори меѓу владините партнери.Од ЗНАМ веќе најавија дека не сакаат смена на нивните кадри. Заклучокот од спроведената анализа на сработеното на половина од мандатот е дека се задоволни од своите министри и на премиерот ќе му соопштат дека се против рокада на нивните ресори.

Анализа е направена и во ВРЕДИ, а копретседателите имале и средби со министрите, замениците министри и со директорите на јавните претпријатија. Кај нив се очекуваат нови имиња, особено по оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи и разидувањето со министерот за социјална политика, Фатмир Лимани.За наследник на Фетаи се спомнува министерот за здравство, Азир Алиу,доколку се направи смена на ресори и здравство оди кај  ВМРО-ДПМНЕ. Како потенцијален ресор за рокада се спомнува и министерството за образование, а подолг период се шпекулира дека ќе има смени и во министертсвата за култура и за спорт.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со намалено производство на храна, помали приходи и недостиг на вода – одбележан Светскиот ден за борба протитв сушата

Дејан Дејан

Нема реформи, нема напредок, Мицкоски ја оддалечува Македонија од ЕУ – СДСМ со реакција за нацрт-извештајот на ЕП

Дејан Дејан

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе