Кошарка Спорт

КФМ ќе прави инспекција на салите и условите: Нема одложување на 13.коло

Кошаркарската федерација на Македонија ги потсети клубовите од машката Прва МТЕЛ лига дека мораат да ги почитуваат пропозициите за натпреварување, бидејќи дел од натпреварите се играат во ладни сали и под секакви стандарди. Ваквата реакција доаѓа по иницијативата на Пелистер, но и Здружението на професионални играчи кои реагираа на ужасните услови во кои се игра македонската кошарка.

Битолчани побараа одложување на првото коло во новата година, бидејќи дел од клубовите не ги греат своите сали. На многу натпревари условите за игра се под секој професионален стандард, како лоши соблекувални, слабо осветлување на натпреварите и неисправни семафори.

Од Куќата на кошарката преку соопштение за јавноста напоменаа дека сите клубови мора да ги почитуваат пропозициите за натпреварување и дека не смее да има пропусти во организацијата на натпреварите.

Првото коло во новата календарска година (13.коло) ќе се одигра овој викенд според претходно утврдениот календар, а од Кошаркарската федерација најавија дека ќе спроведат инспекција на салите и ќе бидат забележани сите недостатоци.

„Клубовите кои се натпреваруваат во овој степен на натпреварување добија финансиска поддршка од Министерството за спорт со исплаќање на државните субвенции како и со дополнителната распределба на средства од игрите на среќа, финансиски средства кои Федерацијата не ги доби. Дополнително, истите се ослободени од котизација за учество во лигата благодарение на спонзорот на лигата што раководството го обезбеди пред почетокот на натпреварувачката сезона. Клубовите се доволно финансиски ситуирани за да ги исполнат сите услови за нормално функционирање на една професионална кошаркарска лига во рамки на највисокиот степен на натпреварување поради што сметаме дека повеќе не постои простор за толерирање на неисполнетост на техничките услови за одржување на еден натпревар“, се вели во дел од соопштението на КФМ.

Клубовите кои имаат финансиски долгови кон федерацијата добија рок за плаќање на истите, во спротивно нема да бидат делегирани за натпревари во Првата лига.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија очекувано ја совлада Гвинеја: Сега следуваат вистинските предизвици

Дејан Дејан

Лазаров: Да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот со Гвинеја

Дејан Дејан

РФМ доби казна од ИХФ и предупредување дека може да играме без публика на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе