Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Крстиновска во „Топ тема“: ЕУ сè уште е во фаза на учење како да ја користи моќта што ја има

Дека Европската унија не е свесна за својата моќ во глобални рамки ја отсликува реалноста и ЕУ сè уште е во фаза на учење како да ја користи моќта што ја има, вели Ана Крстиновска од ЕСТИМА, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Една вообичаена споредба која што секогаш се споменува во овој контекст е дека ЕУ е економски џин, а политичко џуџе. Значи ги има економските алатки кои што ѝ даваат моќ на глобална сцена. Тука пред сè e огромниот пазар. Меѓутоа досега ЕУ ги користела сите тие придобивки главно во контекст на европското соседство, на земјите од северна Африка, од Источното партнерство, на земјите од Западен Балкан, односно кандидатите за членство. И ја користела таа економска моќ за цели поврзани за почитување на човековите права или за некоја условеност кај оние држави кои што се стремат да имаат поблиски односи со ЕУ. Меѓутоа, до пред неколку години не ги користела тие инструменти за постигнување на некоја геополитичка надмоќ“, посочи Крстиновска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финскиот претседател: ЕУ треба да се стреми да го зголеми бројот на 40 членови

Kristina Kuzmanovski

ДКСК отвори предмет за неправилностите во ИЈЗ: Под лупа набавки, вработувања и трошење јавни пари

Kristina Kuzmanovski

Грција најави можност за привремено суспендирање на ЕЕС на граничните премини поради големите гужви

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе